Судењето за „Таргет – Тврдина“ е одложено, Сашо Мијалков со симптоми на корона

1098

Денешното рочиште од судскиот процес за предметот наречен „Таргет – Тврдина“ се одложи поради тоа што поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, имал симптоми кои упатуваат на тоа дека можеби е инфициран од корона вирусот.
Како што појасни адвокатот Љупчо Шврговски, сопругата на Сашо, Александра Мијалкова имала позитивен тест на Ковид -19 и токму поради тоа и тој, уште во текот на денешниот ден, ќе мора да направи тест. Според неофицијални сознанија Мијалков вчера имал повишена телесна температура и сува кашлица, што упатува на можноста и тој да е инфициран со корона вирус.
Инаку, за денеска беше предвидено во својство на сведок да се појави актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ.
За масовното прислушување, освен споменатиот Мијалков обвинети се неговиот шеф на кабинмет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, неколкумина вработени во сега веќе нрпосточреката УБК , како и избеганите Горан Грујовски и Никола Бошковски. Сите тие се товарат дека, преку три системи за следење на комуникациите, од 2008 до 2015 година, незаконски прислушувале 4.286 телефонски броеви.

Спонзорирано