Скопска „двојка“ ја отфрли тужбата на Вилма Русковска

1046

Основниот суд Скопје 2 – Скопје како неоснована ја отфрли приватната тужба која што обвинителката Вилма Русковска ја поднесе против партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Скопска „двојка“ проценува дека не постои правен основ за поведување постапка за сторена клевета, но според застапникот на тужителката за следните чекори ќе се одлучува дополнително, односно по прием на пресудата.
Инаку, мотив за поднесување на тужба е изборниот спот на на ВМРО-ДПМНЕ, насловен како „Криминална приказна“, а во комнкретниот изборен спот, мајката го прашува своето дете која приказна сака да му ја прочита. Изборот паѓа на „приказна“, која во спотот е прикажана со наслов: „Зоран и илјадниците ветувања“ и но нарацијата се споменмуваат имињата на премерот Заев, на Радмила Шекеринска и уште неколку други, а се завршува со закана од мајката дека ако детето продолжи да прашаува „ ќе го викне Вилма да си одбере обвинение”.
Несомнено навредена од ваквиот спот обвинителката Русковска најнаптред побара иазвинување, но до тоа не дојде па таа поднесе тужба во која наведе дека побарува штета од 10.000 евра и доколку и биде досудено надомест на штета таа ќе ја донирњ во „СОС Детско село“.

Спонзорирано