Зоран Милески – Кичеец започнува со издржување на затворската казна

1278

На полноќ истекува рокот за пријавување на Зоран Милески – Кичеец, во затвор, каде треба да започне со издржување на казната во траење од три години.
Милески, денеска, во изјава за некои медиуми потврдил дека од денес треба да почне со издржување на затворската казна, бидејќи тој не поднел барање за одложување.
Како што е познато Милески беше обвинет за кривично дело: примање награда за противзаконско влијание, во предметот познат како „Рекет“ и во кој како обвинети се јавуваа Бојан Јовановски викан Боки 13 и Катица Јанева, поранешна шефица на некогашното Специјално јавно обвинителство. За разлика од спомренатите, Зоран Милески – Кичеец го призна сторувањето на деелото и за него се водеше одвоена судска постапка. По само едно едно рочиште и по признание на делото, тој беше осуден на ефетктивна затворска казна во траење од три години. При изрекување на казната судор го имаше в предвид фактот дека Милески го признал делото за кое се товари и дека олеснителна околност е и тоа што тој никогаш порано не бил во судар со законот.

Спонзорирано