Кардиохиругот и сопственик на „Жан Митрев клиника“, Жан Митрев, е обвинет за измами кои се случиле во време на пандемијата од КОВИД-19, односно за периодот од 2020 до 2022 година.
Имено, Митрев, според скопското Јавно обвинитество се товари со обвинителен акт кој се однесува на него и со обвинителен предлог кој е насочен против неговата болница. Тој се товари дека довел во заблуда пациенти кај кои била извршена хемофилтрација и дека нив и нивите семества ги оштетил за 97.461.600 денари, односно за нешто повеќе од 1,5 милиони евра.
Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата ‘Бакстер’ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Covid – 19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот.
На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди.
ЖАН МИТРЕВ ОБВИНЕТ ЗА ИЗМАМА
Спонзорирано