„Зелена Лупа“ донираше хуманитарна помош во затворот „Скопје“ и во „Идризово“

475

Во рамките на проектот „Заштита на здравствените права на осудените лица за време на КОВИД-19“, спроведен од Зелена Лупа во соработка со Управата за изршување на санкциите и Комисијата за заразни болести, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, дониравме хуманитарна помош во КПУ Затвор Скопје и КПУ Идризово.
Донацијата се состои од 3,600 заштитни маски, 1,000 ракавици, 50 заштитни костуми и 50 визири. Дополнително, беа изработени и доставени 3,000 информативни брошури за неопходните мерки и препораки за заштита од КОВИД-19 на осудените лица и вработените во затворите.
Зелена лупа прави напори наскоро да обезбеди ваква донација и за останатите затвори во Република Северна Македонија.
Јавното здравје е примарно човеково право. Тоа е заедничка одговорност на сите нас. Колку сме поодговорни толку полесно ќе се справиме со кризата.Сите граѓани на оваа држава,државни институции,правни и физички лица треба да го дадеме својот придонес за справување со оваа пандемија која според информациите од СЗО, најверојатно ќе биде присутна и наредниве години, а заштитата од овој вирус треба да стане наше секојдневие, навика и обврска.

Спонзорирано