ЗАЕВ: „ВЕЉАНОСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ БИЛЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ ОД ГРУЕВСКИ“

1068

На денешното продолжение на судскиот процес кој се води против организаторите на насилниот упад во Собраниерто, на 27. април 2017. година, во својство на сведок на предлог на одбрана беше распашан премиерот на Владата на РСМ, Зоран Заев.
Според Заев, обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, биле изманипулиурани од Никола Груевски, кој, пак, заедно со споменатите, но и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, се товари за кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
„Верувам дека сите посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, изјави премиерот Заев.
Инаку, судењето се презакажа за втори следниот месец. Имено, по паузата на првата сесија од судењето на обвинетиот Спиро Ристовски, поради покачена телесна температура, не му беше дозволен влез во судот, иако според планот требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.

Спонзорирано