Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

1687

Со точно 61 глас „за“, Собранието го прифати предлогот на Судскиот совет Република Северна Македонија, попладнево, конечно, ја избра Добрила Кацарска за судијка на Уставниот суд, со што заврши нејзиниот мандат како судијка во Кривичниот суд во Скопје.
Претресот по оваа точка заврши пред неколку седмици, ама гласањето тогаш беше одложено поради немање кворум, затоа што дел пратеници од мнозинството беа во изолација. Расправата пред изборот на новата уставна судијка помина во бучна атмосфера, поради противењата на опозицијата судијката која водеше дел од процесите против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ да влезе како член во Уставниот суд.

Спонзорирано