ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

242

Никола Груевски е првообвинет и единствен кому му се суди во отсуство, но затоа во судница се сите коишто тој ги инволвирал при купување на плацевите на Водно

Со воведен збор на Јавната обвинителка, Лиле Стефанова, денеска во скопскиот кривичен суд започна судскиот процес наречен „Плацеви на Водно“, односно за плацеви кои поранешниот премиер, а сега првообвинет, Никола Груевски, планирал да ги купи со пари кои како донации биле давани во ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за 1,3 милиони евра за плацеви со површина од 11.255 метри квадратни.
Стефанова го обвини Груевски дека сакал да купи земјиште, но тоа да не биде запишано на негово име, а по завршетокот на политичкиот мандат да си изгради куќа во барок, но дека за да ја реализира својата замисла тој ги ангажирал неговиот кум од првиот брак, сега обвинетиот Ристо Новачевски, Јордан (Орце) Камчев, неовата мајка Ратка Куновска – Камчева, Ненад Јосифовиќ и неговиот братучед Сашо Мијалков.
Груевски, кому му се суди во отсуство, е обвинет дека од 2006 до 2012 година ги задржувал партиските донации за себе, а кога разбрал дека на пазарот се појавиле плацеви за продажба тој го вовлекол својот братучед, тогаш директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Имено, Сашо Мијалков сега е обвинет за кривично дело: перење пари и други приноси од кривично дело, но неговиот новоангажиран бранител, адвокатот Звонко Давидовиќ цени дека “обвинувањата се апсурдни“, бидејќи не е возможно Мијалков да знаел дека некој се стекнал со големи финансиски износи, а тој, наводно, со умисла му помогнал на Груевски со тоа што му предложил оф-шор компанија.
Никола Груевски, кој судењето сега го следи од Будимешта, ги инволвирал и кумот Новачевски

и бизнисмените Јосифовиќ и Камчев, но и неговата мајка, но она што на целиот случај му дава посебен тон е тоа што тој се води како невработен, но затоа, пак, не пријавил два стана во Скопје, со површина од 38 односно 57 кв

адратни метри, градежна парцела во центарот на Скопје, со површина од 2.729 квадратни метри, како и две други парцели во Крушево.
Инаку, на денешното рочиште интересите на Орце Камчев ги застапуваа уште неколкумина новоангажирани адвокати. Еден од нив повторно ја о

твори темата за здравствената состојба на Камчев. Според адвокатот Еленко Миланов, одбраната на Камчев до судот доставила обемна медицинска документација со која се потврдува дека тој има нарушена здравствена состојба. Инаку, Орце Камчев во притвор е од средината на март и преде само некоку дена судот ги отфрли

најновите гаранции и му ја продолжи мерката за уште еден месец.

Спонзорирано