ПРЕВОД НА ДОКАЗИ ГО ОДЛОЖИ „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

87

Наместо изјасување по прaшање за виновност и давање воведен збор, денешното, второ рочиште од предметот наречен „Плацеви на Водно“ се одложи, бидејжи одбраната на обвинетите бараше превод на одредени докази кои како такви биле проложени на англиски јазик.
Поради оваа, но и поради зафатеност на адвокат поставен по службена должност, скопскиот кривичен суд донесе решение следното продолжение да го закаже за 19. следниот месец.
Како што повеќе пати пишувавме за плацевите на Водно, каде како мистериозенн купувач се јавува поранешниот премиер Никола Груевски обвинети се повеже лица, но само на споменатиот му се суди во отсусто.
Освен Груевски, во предметниот предмет како обвинетитре се јавуваат неговиот кум Ристе Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев, неговата мајка, Ратка Куновска – Камчева и братучедот Сашо Мијалков.
Инаку, Груевски се товари за перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот, а Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ратка Куновска Камчева за перење пари, додеека Сашо Мијалков е обвинет за помагање.
Всушност, Никола Груевски се товари дека средтства дадени како донации за ВМРО-ДПМНЕ, во висина од 1,3 милиони евра, планирал да купи две парцели на Водно, со површина од 11.000 квадрати, но во исто време неговото име да не се јавува како купувач, па од тие причини ангажирал офшор фирма од Белизе и со тоа ги инволвирал другите обвинети во незаконски дејанија. Истрагата која се водеше покажа дека Груевски освен двете парцели на Водно имал ушпте една во центарот на Скопје и една во Крушево, како и уште два други, непријавени стана.

Спонзорирано