СУДСКИ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ СТОЈАНЧЕ РИБАРЕВ

212

Тројца судии се разрешени на денеска одржаната седница на Судскиот совет на Република АСеверна Македонија.
Судскиот совет, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, ги разреши судијата Зоранчо Мицевски, судијката Сузана Здравева од штипска Апелација и Стојанче Рибарев, судија на Врховниот суд и поранешен в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Како што е познато, Рибарев, кратко време по неговиот избор за судија на Врховниот суд, беше именуван за вршител на должност претседател на скопска „единица“, откако му заврши мандатот на сега веќе осудениот Владимир Панчевски. Рибарев не се снајде на позицијата каде што беше поставен и самиот си оподнесе оставка. Како негов „успех“ се смета тоа што беше симната блокадата кон Специјалното јавно обвинителство. Тој си поднесе оставка со објанување дека имал сериозни здравствени проблеми. Инаку и Рибарев беше член на Судскиот совет.

Спонзорирано