МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КОМИСИЈАТА ЗА НАБАВКИ ОБВИНЕТИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОБУСИ

777

Член на Комисијата за набавки, којашто сега се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, е и Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

По завршена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште три лица, чењнови на комисијата за јавни набавки на десетици автобуси за опотеребите на ЈСП „Скопје“.
„При спроведување на постапка за јавна набавка, обвинетите, како соизвршители, ја искористиле својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за економскиот оператор од Народна Република Кина на начин што незаконски го фаворизирале и со него склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот на РМ во износ од 293.773.226 денари или 4.772.920 евра“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, од каде и појаснување дека по три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси, што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и Игор Јанушев (36), актуелен генерален саекретар на ВМРО-ДПМНЕ и Ј.Ј.А.(62), како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со Јанакиески, постапиле спротивно на Законот со фаворизирање на економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција, како и сертификат за квалитет. Имено, Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна таа ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. Помудата на фирмаа од Бугарија била пониска за 4.772.920 евра пониска, но, сепак била избрана фирмата од Кина, а потоа тие му предложиле на министерот да склучи договор токму со оваа компанија.

Миле Јанакиски знаел дека избраната понуда има недостатоци, но наместо да ја поништи набавката тој донел решение за избор на најповолна понуда, а потоа и склучил договор за купопродажба на автобуси за сума од 35.425.410,00 евра.
Со опишаните дејствија четворицата обвинети сториле кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 став 5 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.​

Спонзорирано