За снимките објавени од „Ел Чека“ ќе постапува Обвинителството во Кичево

443

Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување, а согласно член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривична постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава за едно лице за сторени кривични дела: неовластено прислушкување и тонско снимање и за неовластено снимање.
Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на лицето кое себеси се претставува како „Ел Чека“ и кое објавува аудио записи со компромитираќка содржина. Имено, според Обвинителството, се равботи за лице од кичевското село Турин кор делата ги сторил во Чикаго, САД.
„По проучување на наводите во кривичната пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство“, велат од Обвинителството од каде, поради итноста за заштита на правата на оштетените, 31. минатиот месец, изготвиле и доставиле барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството побарало од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали.

Спонзорирано