Возач на автобус обвинет за несреќа во 2017. година

    439

    По безмалку две години од тешката сообраќајна која се случи на делницата од автопатот Велес-Скопје и во која две лица го загубија животот, Основното јавно обвинителство во Велес поднело обвинение за возачот на автобусот, сопственост на „Буд травел“. Станува збор за лице од Скопје, на возраст од 50 години, кое се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
    На несреќата која се случи на 20. август 2017 година, му претходело дрижење на автобусот по средната коловозна лента. Некаде околу 18:50 часот, кога возилото било до местото викано „Пуста Кула“, на 4,8 километри по наплатната станица „Отовица“, тој веќе не се движел по средината од коловозната лента и не ја држел страната и правецот на движење. Во тој момент воилото започнало да се движи во лево, преминувајќи на левата коловозна лента, по што излегол од коловозот и удрил во заштитната метална ограда, се одвоил од неа и продолжил да се движи по нерамен терен, се превртел на левата бочна страна и застанал на земјената површина.
    Како последица на сообраќајната несреќа, 14 патници се здобиле со телесни повреди, 13 патници се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца од тешко повредените починаа.

    Спонзорирано