Две лица осомничени за разбојничка кражба и разбојништво

    430

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага за две лица, на возраст од 20 и 22 години, за две кривични дела, односно за разбојничка кражба и разбојништво.
    Осомничените на 18. овој месец, во зграда на булеварот ВМРО, во Скопје, биле затечени во кражба, но тие употребиле сила кон една оштетена и од неа одзеле два паричници во коишто имало 700 денари, кредитни картички и лични документи. Сега осомничените ја забележале оштетената како се движи кон зградата и од неа побарале ситни пари, но откако парите не им биле дадени тие, заедно со неа, влегле во лифтот, а потоа се обиделе да и го одземат паричникот. Тие ја притиснале и потоа на сила и ги извадиле паричниците од чантата.
    Три дена подоцна, на истото место и речиси на идентичен начин, тие следеле друга жена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата. Кога влегла во влезот разбојниците ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот и пришле и со употреба на сила ја турнале и ја удриле по главата, по што и го одзеле паричникот во кој се наоѓале 4.000 денари, кредитни картички и лични документи. Со одземените предмети го напуштиле местото.
    Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, односно дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените лица.

    Спонзорирано