Заради неовластено поседување на 46,45 грама амфетамини јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје му поднел обвинение на лице за кое веројатно ни самото обвиниителство не знае кое е и од каде доаѓа, бидејќи такво нешто нема наведено. Сепак, оттаму информираат дека настанот за кој сега се товари непознатиот се случил на 14. овој месец, кога на булевар „Србија“, ( најверојатно во Скопје – з.а), било запрено возило во коешто тој се превезувал како сопатник. Предметните амфетамини тој ги скрил во слободниот простор меѓу рачната кочница и сопатничкото седиште.

Спонзорирано