Во акцијата „Реприза“ сузбиена шестчлена група која криумчарела мигранти

939

Од декември минатата година, па се до денеска, осомничените организирале криумчарење на околу 150 мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, за што наплатувале помеѓу 500 и 700 евра по лице. 

 

Во рамки на акцијата нартечена „Реприза“, во текот на денешниот ден, а со цел сузбивање на организирана криминална група која организираа криумчарење мигранти, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, а се под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Како што инфомираат од Обвинителството уште во раните утрински часови биле извршени претреси кај пет лица, во шест објекти, лоцирани на подрачјата на Гевгелија, Струмица и Неготино и притоа од слобода биле лишени четири лица. Еден од осомничените се води како недостапен за органите на прогонот, а едно лице се наоѓа на издржување на мерка притвор за криумчарење на мигранти, но за друг кривично -правен настан.
„Акцијата е резултат на десетмесечна криминалистичка истрага над организирана шестчлена криминална група, која подолг временски период делува на тeриторија на Република Северна Македонија криумчарејќи мигранти кои остваруваат нелегален влез преку грчко-македонската граница. Организатори на криминалната група се двајца браќа, кои со умисла и од користољубие заедно со засега непознати лица од Кумановско – Липковскиот регион и од Грција, организирале криминална група во Република Северна Македонија. Од декември минатата година, па се до денеска, осомничените организирале криумчарење на околу 150 мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, за надомест од 500 до 700 евра по лице, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, од каде и потврда дека осомничените, а по претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од соседна Грција, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран ги пренесувале мигрантите преку државната граница. Подоцна, со помош на водичи кои биле наречени „качаци“, мигрантите ги носеле до претходно утврдени и договорени локации, од каде тие биле прифаќани од членовите на групата, а потоа со моторни возила биле превезувани до договорени локации во Кумановско-Липковскиот регион, а оттаму, лице, кое нелегално престојувало во земјава, времено ги сместувал мигрантите кај нивни поддржувачи, а потоа биле префрални во Република Србија, на пат кон државите на Европската унија.
Јавен обвинтел веќе донел наредба за отпочнување на кривична истрага за шест лица, на возраст од 21 до 28 години. Инаку, браќата, организатори на групата, се товарат за организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, а останатите четворица , како припадници на групата, за криумчареле мигранти. За сите нив е даден предлог за изрекување мерка притвор.

Спонзорирано