Скопјанец осомничен за разбојништво и тешки кражби

308

Скопското обвинителство отвори истрага, за сторени кривични дела разбојништво и тешка кражба, кои сега осомниченуиот ги сторил на 26. минатиот месец. Имено, сега осомничениот, инаку лице на возраст од 22 години, на улица „Алжирска“, со употреба на сила одзел предмети, откако влегол во куќа на оштетена каде влегол на влезната врата. Тој се нафрлил врз жената, а откако ја оттурнал и ја одзел чанта во која имало пари, картици и други документи, со вкупна вредност од 9.000 денари. На излегување тој повторно ја турнал оштетената, а потоа си заминал.
Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, осомничениот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал.
На 30. септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, осомничениот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Спонзорирано