Верушевски посведочи дека и Црвенковски поседувал „бомби“

567

На денешното продолжение на судскиот процес нарчен „Таргет – Тврдина“, ексразузнавачот Зоран Верушевски негираше дека тајно снимените телефонски разговори коишто ги изнеле Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски му биле доставувани нему лично, туку дека „бомбите“ завршиле во СДСМ.
„Не обезбедував јас никакви разговори, ниту било какви други документи на било каква основа туку сето она што се слеваше како сознание во СДСМ беше обврска за моја анализа за да може лидерството да гради стратегија. Ниту било тоа мој личен интерес ниту ми паѓало на памет да го правам тоа за мене“, изјави Верушевски и појасни дека бомбите биле носени во партијата, а дека тој ги обработувал.
Според сведочењето на Верушевски првите информации за нелеганото снимање тој ги добил уште во 2010 година и дека останува на дадениот исказ пред јавен обвинител кога тој беше осомничен во случајот наречен „Пуч“.
Верушевски посведочи дека не добивал никакви материјали од Лазаревски, односно дека тој материјалите ги доставувал во партијата, а таа имала одговорност за нив, поточно лидерот на партијата управувал со документацијата, како што тој ги нарекува „бомбите“.
„Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев“, рече Верушевски.
Сведокот не можеше да каже колку системи за прислушување имало во УБК, бидејќи не му било познато.
Во предметот наречен „Тврдина-Таргет“ обвини се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, екс министерката за внатрешни равботи, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на директорот на УБК, Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. На листата на обвинети се бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски

Спонзорирано