Боки 13 беше на распит, ама не дал исказ

557

Бојан Јовановски викан Боки 13 денеска не дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска, бидејќи сакал да ги види доказите во предметот наречен „Рекет.
Одбраната на Јовановски излезе со тврдење дека истрагата за овој случај, наводно, била комплетирана, но дека осомничениот, откако ќе изврши увид во доказите, ќе дал своја одбрана.
Дека истрагата навистина е завршена е тешко да се поверува, бидејќи за утре е најавено спроведување заради распит на екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева. Како што е веќе познато Јанева пред само нешто повеќе од еден месец беше повикана на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а веќе следниот ден таа беше приведена и притворена поради сомнеж дека сторила злоупотреба на службената положба и овласување.
Јовановски, Јанева и Зоран Милески се сомничат дека за сума од 1,5 милион евра, коишто требало да им ги исплати Орце Камчев, најпрво требало да му издејствуваат укинување на мерката притвор, а потоа и да ја запрат кривичната постапка за предметот наречен „Империја“, а во кој освен Орце Камчев, осомничени се и неговата мајка и сестра, како и неколкумина негови блиски соработници.
Инаку, јавното обвинителство освен за парите од Камчев води истрага и за милионските уплати кои се вршеле на сметката навладината органицаја „Меѓународен сојуз“, како и за рекетирањето на бизнисмени преку сега веќе пропаднатата „ТВ 1“, а каде токму Јанева беше најчеста гостинка.

Спонзорирано