Заврши истрагата за „Рекет“, тече рокот за увид во доказите

984

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица.

Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените. Воедно, обвинителството укажува дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите. Во текот на утрешниот ден е повикана на распит третоосомничената Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка. Таа воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка.

Спонзорирано