Велешанец, на возраст од 41 година, е осомничен за обид за убиство на негов роднина. Сега осомничениот, во саботата, со умисла се обидел да го лиши роднината, поради тоа што тој имал паричен долг.
Имено, тој во дворот од куќата започнал расправија за невратениот долг од 3.500 денари. Тој го повикал „должникот“ да дојде до неговиот автомобил којшто бил паркиран во близина, а тој од возилото извадил дрвена рачка за секира и со неа неколку пати го удрил оштетениот по глава. Од ударите тој паднал на земја, а подоцна нему му било констатирани нагмечувања на главата, крварење и крвен подлив под тврдата мозочна ципа и мозочна кома.
На осомничениот, судија на претходна постапка, а на барање на Обвинителството, му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
ВЕЛЕШАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА РОДНИНА ПОРАДИ ДОЛГ ОД 3.500 ДЕНАРИ
Спонзорирано