12 ЛИЦА НА РАСПИТ ЗАРАДИ ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ И ОРУЖЈЕ

896

Меѓу приведените, како што потврдуваат од Јавното обвинителство, е и една жена, но и вработен во МВР, а се трага по уште три лица

За полициската акција којашто утрово беше спроведена во скопската населба населба Сингелиќ и во која од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и вработен во МВР, со свое видување за настанот се огласи и Јавното обвинителство.
Имено, споиред Обвинителството, полицисдката акција доаѓа по повеќемесечно криминалистичко истражување, раководено од јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Од досега прибраните и документирани докази е констатирано дека групата била формирана со цел да се стекне со противправна имотна корист, дека има строго утврдена хиерархија и структура и дека се занимава со продажба на дрога и оружје.
„Во текот на денешната акција постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе бидат испратени на вештачење. Од слобода се лишени 12 лица, на возраст меѓу 19 ио 47 години, меѓу кои и една жена и еден полициски службеник, а се трага по три лица кои во моментов се недостапни за органите на прогонот“, се вели во соопштението на Обвинителството со кое се потврдува дека ќе следи Наредба за спроведување на кривична истрага за приведените за: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и за неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Обвинителството најави дека за сите осомничени ќе бара судот да им изрече мерка притвор.

Спонзорирано