УВИД ПО НЕСРЕЌАТА КОЈА СЕ СЛУЧИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КАВАДАРЦИ

466

По трагичниот настан кој утринава се случи на градилиште во Кавадарци и во кој две лица го загубија животот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Кавадарци изврши увид на местото каде што се одигра овој немил настан. Како што информираат од Обвинителството до несреќата, во која загинаа двасјца работници од Скопје на возраст од 30 и 50 години, дошло откако се откачил кранот. Обвинителот веќе издаде наредби за обдукција на телата на починатите, а локацијата е обезбедена и во моментов надзор вршат и надлежни инспекциски служби. Според најавите ќе следи наредба за вештачење, а се се прибираат вербални и материјални докази.​​

Спонзорирано