ПРОВАЛНИК УКРАЛ 16 УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ВРЕДНИ МИЛИОН ДЕНАРИ

172

Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка за едно лице, на возраст од 33 години, за продолжено тешка кражба.
Како што информираат од Обвинителството сега осомничениот, на 26 и 27 минатиот месец, во два наврата, од книжарница на улицата „Ѓуро Стругар“, во Скопје, одзел 16 уметнички слики проценети на 984.000 денари. Првата кражба била извршена така што провалникот со погоден алат и со користење на физичка сила го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел шест уметнички слики од уметникот Павле Кузмановски. Следниот ден, иако настанот бил пријавен во полиција, провалникот на речеси идентичен начин повторно влегол во книжарницата, од каде заминал со уште 10 уметнички слики од споменатиот автор.
Oд Обвинителството, исто така информираат дека преиведениот за исти кривични дела веќе бил осудуван како во земјава, така и во Германија и дека за него е побарана мерка притвор.

Спонзорирано