СКОПСКА АПЕЛЦИЈА МУ ГО УКИНА ПРИТВОРОТ НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ

774

По безмалку три месеци минати во притвор, сега веќе разрешениот генерален секретар на Владата на РСМ, Мухамед Зекири, заминува дома. Нему, скопскиот Апелационен суд му ја замени мерката притвор за поблага мерка, односно соа мерка куќен притвор. Зекири, кој скоро еден месец е на лекување во Инфективната клиника во Скопје, на деветти април оваа година беше притворен, откако Основното јавно обвинителствоо за гонење на организиран криминал и корупцијата ( ОЈО ГОКК), го осомничи за сторена злоупотреба на службената положба и овластувања. Во предметот, во кој освен Зекири, се товарат и двајца хрватски државјани, тој е осомничен за мелверзации при склучување на договор за консултантски услуги, односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.
Како што тогаш информираше ОЈО ГОКК, Зекири и двајцата хрватски државјани го оштетиле државниот буџет за 57.932.100 денари. Имено, договорот за консултантски услуги достигнал 57.932.100 денари или нешто над 940.000 евра, односно ја надминал реалната вредност од 795.000 евра. Со сторената злоупотреба цената на договорот нараснал за близу 147.000 евра, за колку е оштетен државниот Буџет.

Спонзорирано