Уапсени двајца вработени во Градско собрание

1555

Двајца вработени во град Скопје утринава биле уапсени за даночна измама, потврдија од МВР.
Лицата Е.С. и Ј.С., вработени на шалтер во даночното одделение, се осомничени за измама така што на странките им наплаќале помала сума на данок отколку во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума. Со тоа го оштетиле градскиот буџет.
Полицијата ги привела двајцата вработени и ја одзела компјутерската опрема на која се работело. Станува збор за најмалку десет случаи на измама со данокот.

Спонзорирано