ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ – ЏАНГО СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТОРТУРА“ ВРЗ ЉУБЕ БОШКОСКИ

2349

„Ме наместија! Не сум земал пари,‘ со овие зборови му се обратил екс-министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски на Љубомир Михајловски – Џанго, исто така екс-министер во истиот ресор, кој во моментите на приведувањето на лидерот на „Обединети за Македонија“ бил негов адвоикат.
Љубе Бошкоски, кој е жртва на политички прогон од поранешниот режим, според сведочењето на Михајловски му се јавил и му кажал да се ангажира како негов бранител, но тој негирал дека имал било што со парите коишто беа основа за поведување на постапка за примање поткуп од 100.000 евра.
Сведокот Михајловски, инаку актуелен претседател на Адвокатската комора на Северна Македонија, кажа дека Љубе Бошкоски му се пожалил на начинот на кој што бил апсен, односно за ставање на „лисици“ и легнување на земја иако тој не давал отпор.
„Му реков на Љубе ништо да не потпишува,“ посведочи Михајловски и потврди дека Бошкоски, од Полициската станица Гази Баба, бил вратен во Капиштец, односно пред угостителскиот локал „Воденица“. За него, како адвокат било спорно и тоа што возилото на Бошкоски останало на паркингот, односно било подигнато неколку часа по апсењето кое, како што е познато, се случи на шести јуни 2011. година.
Во предметот наречен „Тортура“ освен екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тогашниот командант на единицата за борба против уличниот кримимал – „Алфа“, Ивица Антевски-Пуки, обвинети се и петмина други припадници на споменатата полициска единица.

Спонзорирано