ТРИ ГОДИНИ И ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАТВОР ЗА МАРЈАН „ДОКАЗ“ СТАМЕНОВСКИ

604

Единствена затворска казна во траење од три години и еден месец му е изречена на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“.
Стаменковски се твораеше за пет кривични дела, односно за две дела: ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци и за секое дело е осуден на по една година затвор, но со примена на законот нему му се изрекува единствена затворска казна во траење од тригодини и еден месец.
Освен затворската на Стаменковски му е изречена и парична казна од 5.000 евра заради злоупотреба на лични податоци. Нему му е изречена и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.
Како што информира судијката Марија Клетничка Марковска, сега осудениот Марјан Стаменковски ученувал цариник дека за него ќе објави дека има вонбрачно дете, односно дека нема ништо да објави доколку овој се согласи да му плати за тоа. Стаменковски ширел кенофобија и расистички материјал за црквни лица, а пиратеријата ја сторил со објава на 10 епизоди од серијата „Тајкун“.
Како што веќе пишуваме Марјан Стаменковски делата ги сторил во текот на минатата година, како и во јануари и на почетокот на февруари оваа година. При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

Спонзорирано