ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА 324 КИЛОГРАМИ КОКАИН ОД ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ

374

Четири лица се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, односно за набавка и шверц на повеќе од 324 килограми кокаин, откако во текот на вчерашниот ден Единицата за недозволена трговија со дрога при МВР спроведе акција на неколку локации во Скопје и Прилеп.
Како што информираат од Јавното обвинителство уште во јуни 2021 година осомничените, со еден неправосилно осуден македонски државјанин, во Албанија набавиле 324,4 килограми кокаин, а според планот дрогата требало да ја пренесат во Италија. „Откако претходно се договориле, осомничените на 16. јуни 2021 година, поединечно, на различни гранични премини оствариле излез од државава, а потоа се сретнале и преземале активности на територијата на Драч“, се вели во соопштението лиферувно од Јавното обвинителство, а во кое стои дека на непозната локација во Албанија, повеќе непознати лица и првоосомничениот, во просторот кај резервоарите со нафта на камион (марка „ДАФ“) сместиле 300 пакувања кокаин со тежина од 324,4 килограми. Следниот ден, неправосилно осудениот со натоварениот камион се упатил кон пристаништето во Драч со цел кокаинот да го пренесе во Италија.
Тројца од осомничените, заедно, на 18. јуни 2021 година, еден час по полноќ, на граничен премин Кукс/Морина оствариле влез од Албанија во Косово, со автомобил марка „мерцедес“, а првоосомничениот, на Граничниот премин Блаце влегол како пешак во РСМ, а другите двајца осомничени со возило „мерцедес“, како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со автомобил марка марка „голф“, со бугарски регистарски ознаки, влегол во државава преку граничниот премин Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, при скенирање на камионот, службени лица од Царинската управа на Албанија биле откриен кокаинот и неправосилно осудениот бил лишен од слобода. Подоцна нему му била изречена и судска пресуда, односно му била изречена затворска казна во траење од осум години.
Осомничењните во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. За нив, освен барање за отворање кривична истрага Јавен обвинител побарал и изрекување на мерка притвор.

 

Спонзорирано