И ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ „НАРАЧУВАЛ“ ЌОТЕК ЗА „КОМУЊАРИТЕ“?!

426

Во завршен збор за предметот наречен „Организатори на 27. април“, обвинителката Вилма Русковска кажа дека екс собранискиот спикер бил во тесна координација со другите обвинети

 

Со завршен збор на јавната обвинителка Вилма Русковска, случајот наречен „Организатори на 27. април“ влезе во својата завршна фаза. Имено, по денешниот завршен збор на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, судечкиот совен со кој претседава судијата Илија Трпков одреди уште два термина за сиудење, а на кои обвинетите и нивните бранители ќе ги дадат своите завршни одбрани, по што ќе следи објава на првостепената пресуда.
Инаку, пред да го даде својот завршен збор обвинителката Русковска, рече дека постојат одредени измени во диспозитивот на обвинителниот акт кои биле направени пред десетина дена, но дека измените не влијаат на суштината на обвинениети, дотолку повеќе што за Обвинителствто не постојат дилеми дека обвинетите: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски го сториле делото за коешто сега одговараат.
Русковска рече дека обвинетите изготвиле план за насилство, а се со цел да биде спречен изборот на новиот претседател на Собранието на РСМ. Според обвинителката, бегалецот Никола Груевски јавно, пред камери, побарал народот да излезе на улица и да го спречи изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, а за истата цел биле повикани и повеќе граѓански и таканаречени патриотски здруженија, а кои биле формирани непосредно пред случувањата од 27. април.
Обвинителката Русковска потврди дека Трајко Вељаноки добил наредба да го спречи изборот на негов заменик и дека тој за цело време со оглушувал на барањата на тогашната опозиција за ставање на нова точна на дневен ред. Русковска, презентирајќи бројни теефонски разговори и СМС пораки кои потврдуваат дека не само Вељаноски, туки и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле во координација не само со партиските штабови, туку и со лица кои биле на високи функции во тофашната Управа за безбедност и контраразузнавање, а пред се со тогашниот директор Атанасовски и бегалецот Никола Бошковски, за кого беше кажано дека критичниот ден, пред Собранието на РСМ, во слижбено возило, донел поголемо количество огнено оружје.

Спонзорирано