Тинејџер од Куманово осомничен за поседување марихуана и амфетамин

    267

    Основното јавно обвинителство Куманово отпочнало кривична истражна постапка за едно лице за кое се верува дека сторило кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
    Осомничениот, 19-годишен жител на Куманово, чијшто идентитет веќе по навика, Обвинителството не го објавува, се сомничи дека во неговиот дом неовластено, а заради илегална продажба, чувал марихуана со тежина од 305 грами и 4,25 грами амфетамин.
    Дрогата била пронајдена на шести овој месец, при претрес на домот на сега оспомничениот. Таа била скриена крај звучник од музички систем. При претресот полицијата пронашла дигитална вага и дрвена дробилка.
    Судијата на претходна постапка, а по предлог на Јавен обвинител, на осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.