ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА „ЏОН КЕНЕДИ“

305

На локалниот пат Зелениково – Моране, полициски службеници од СВР Скопје, денеска го приведоа лицето Орхан Амети (29), од Скопје, кој се бараше поради сомнеж дека е извршител на убиство.
Амети сомничи дека е сторител на кривично дело убиство, односно за настаноот кој се случи на 20. декември 2017 година, на улицата „Џон Кенеди“, во Скопје, кога пред угостителски објект беше застрелан 24-годишиот Бурим Идризи.
Сега осомничениот повеќе од една ипол година успешно се криеше од органите на прогонот, откакако критичниот ден, некаде околу 18 часот, го истрели од автоматско оруже го усмрти младиот Идризи.
Убиството се случи во моментите кога Идризи, на автобуската станица, излегувал од своето возило. Токму во тие моменти крај него, со автомовбил „југо“ минувал Амети. Тој во движење, со автоматска пушка „АК-47“, односно „калашников“, стрелал во Идризи. Идризи почина на лице место, а осомничениот откако го оставил возилото кај Топаанско поле и пешки се дал во бегство.