СУДОТ ВО СТРАЗБУР ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА!

1625

Европскиот суд за човекови права донел одлука со која ја прифаќа жалбата на порнешната претседателка на скопскиот кривичен и на Врховиот суд на Република Северна Македонија, Лидија Неделкова, а по нејзиното разрешување од судиската функција

 

Љубиша Станковиќ

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донел одлука да прифати апликацијата, односно жалбата на поранешата судијка и претседателка на Врховиот суд на Република Северна Македонија, Лидија Неделкова, а по донесена одлука на Судскиот совет таа да биде разрешена од судиската функција!
Судот во Стразбур деновиве го доставил својот одговор до апликантката Неделкова, откако таа побара заштита на нејзините права, односно по одлуката на Судскиот совет на РСМ да ја прифати иницираната постапка за нејзино разрешување од сега разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
“Судот ја разгледа Вашата жалба во најкус можен рок, имајќи ги предвид документите и инфромациите поднесени од Вас. Постапката, во основа, се води писмено. Лично ќе бидете повикани, само врз основа на одлука на Судот. За сите други одлуки ќе бидете информирани“, се вели во одговорот на ЕСЧП, а по поднесеата жалба.
За ваква една можна разврска, односно за барање правда со поднесување на жалба до Судот во Стразбур, „ПРАВОСУДСТВО“ пишуваше пред речеси една година, кога Советот за жалби ја донесе финаланта одлука за разрешување на Неделкова. Но, реално, токму Европскиот суд и’ остана единствено место каде што таа може да ги оствари своите права и да докаже дека разрешувањето не само што било неправедно, туку било и незаконски. Имено, во жалбата на Неделкова, напишана на 15-тина страни, стои дека иницијативата за нејзиното разрешување доаѓа од тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски и тоа како негов, личен чин на одмазда, откако таа против него ќе поднесе кривична пријава за сторена злоупотреба на службената положба, а којашто е прифатена од Јавното обвинителство и по истата се води судска постапка за него. Во исто време, повторно поради прифатената кривична пријава Судскиот совет на РСМ ќе донесе одлука за негово разрешување од судиската функција.
Лидија Неделкова, во својата жалба, уште на самиот почеток, таксативно ги наведува позициите и функциите кои ги извршувала, почнувајќи од 1996 година, кога за прв пат била избрана за судија. Таа во својата жалба ќе ги опише моментите кога како веќе поранешна претсдателка на Врховиот суд ќе почне да ги трпи притисоците и мобингот од Вангеловски, како и неговите образложенија до Судскиот совет од кого ќе побара нејзино разрешување.
Во дел од жалбата Неделкова детално ги објаснува случувата откако Судскиот совет за неа ќе поведе постапка. Неделкова става акцент и на промената на која во меѓувреме ќе се случи во Врховиот суд, односно кога наместо Вангеловски во својство на „застапник на барањето“ за утврдување на евентуална одговорност ќе се појави името на судијата Фаик Арслани, а кој, пак, не присуствува на седница на која ќе се решава нејзиниот статус.

Несомнено дека Судот во Стразбур при разгледувањето на овој случај ќе го има прадвид и извештајот на Комисијата на известители кои ќе донесат одлука со која се бара запирање на постапката против Неделкова, но и одлуката на Судскиот совет кој од истата Комисија ќе побара дополнување на веќе донесениот извештај, иако не се кажува што тоа треба да се истражи и да се надополни, односно без да бидфат дадени никакви напатствија.
Во вториот дел од жалбата е опишан начинот на постапување на Судскиот совет кога ќе се носи одлука за разрешување на Неделкова, но и постапувањето на Советот по жалби, а по веќе донесената одлука.
Повреда на нејзините правата Неделкова наоѓа не само во начинот на кој постапува Судскиот совет на РСМ ( и неговите персонални промени при десувањето на одлуки), туку и во делувањето на тогашниот министер за правда кој и во други поведени постапки за разрешувања на судии наоѓа поткрепа во потребата од расчистување во правосудството со примена на таканаречената „Методологија за филтрација на судството и обвинтелството!“
Лидија Неделкова својот случај го поистоветува со предметот „Олександар волков против Украина“. Доколку ЕСЧО се повика на своите сопствени искуствата и веќе донесени пресуди тогаш може да се насети епилогот, односно одлуката којашто ќе следи.

 

Спонзорирано