АПЕЛАЦИЈА: ЈАВНА СЕДНИЦА ПО ПРЕСУДАТА ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“

685

Скопскиот Апелационен суд денеска одржа Јавна седница на која беа елаборани жалбите на неправосдилно осудените во предметот наречен „Таргет-Тврдина“.
И додека одбрана на осудените тврдеше дека ниту еден од тројцата обвинители кои го застапувале обвинителниот акт тоа го правеле незаконски и дека вештото лице постапувало без валидна лиценца, Вишиот јавен обвинител, Елвин Вели, со став дека скопскиот кривичен суд правилно ја утврдил фактичката состојба и дека се неосновани приговорите за вештакот, бидејќи токму по од него изработени вештачења Апелациониот и Врховниот суд одлучувале во друг предмет.
Само кратко по завршувањето на Јавнат седница со свое видување за овој случај писмено се произнесе Јавното обвинителство кое информира дека “Јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот С.М. и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди“.​
Според обвинителството, Апелациониот суд треба да ги потврди веќе изречените првостепени пресуди, но на Сашо Мијалков, поради застареност, да не му се суди и за кривичното дело: примање награда за противзаконито влијание, а за кое нему му беше изречена затворска казна во траење од три години.
Инаку, со првостерпената пресуда екс-директорот на некогашната Управа за државна безбедностѕ и контраразузнавање, Сашо Мијалков, му беше изреечена затворск казна од 12 години. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше осудена на четири години затвор, а по 15 години затвор, во нивно отсуство, судот им изрече на поранешниот началник во УБК, Горан Грујовски и неговиот близок соработник Никола Бошковски. Ефективен затвор во траење од три години скопска „единица“ и изрече на поранешната началничка Надица Николиќ, како и на шефот на кабинетот на Мијалков, обвинетиот Тони Јакимовски, кој беше осуден беше на шест години затвор.
Со условни казни од по пет години судот ги осуди лицата Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Силвана Златкова.
Случјот „Таргет – Тврдина“, на почетокот на постапката, се водеше одвоено, но подоцна дојде до спојување во еден предмет. „Тврдина“ се однесува на уништување на системите за следење на комуникациите, а „Таргет“ на масовното прислушување. Обвинителството тврди дека предмет на нелегално прислучување биле повеќе 25.000 граѓани, но на обвинетите им се судеше за следење 5.827 телефонски броеви.

Спонзорирано