Условните и релативно ниските затворски казни се изречени по признанието на обвинетите дека ги сториле делата за кои се товарат
Четири условни и уште толку ефективни затворски казни изрече Судечки совет на скопскиот кривичен суд, со кој претседаваше суидијата Осман Шабани, за обвинетите во предметот наречен „Титаник“.
Судот, за сторени три кривичи дела, го осуди Миле Јанакиески на казна затвор во од четири години и шест месеци. Пореанешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, исто така за сторени три кривични дела, е осудена на затворска казна во траење од две години и шест месеци, а поранешниот разузнавач Мунир Пепиќ на една година затвор, додека обвинетиот Коста Митревски е осуден на затворскаказна во траење од три години.
Иако првообвинет Мартин Протугер и осуден на осум месеци, односно за уште една година и шест месеци, мина со условна казна во траење од пет години, а на идентична казна беше осудена и поранешната заменичка министерка за правда, Билјана Бришкоски-Бошковска, но и Катерина Велоска и Киро Тодоровски.
Ссга осуденит се товареа за неколу кривични дела, како што се злосторнипко здружување, повреда на избирачко право, уништување на изборен материјал, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Според зборовите на судијата Осман Шабани, при изрекувањето на казните судот ги имал в предвид како отежителните, така и олеснителните околости, а пред се признанието на обвинетите дека ги сториле кривичните дела за кои се товарат.
Во овој предмет како обвинет се јавува и Никола Груевски, но и Кирил Божиновски, Илија Димовски, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска, но судењето за овие лица ќе продолжи следната недела.