СУДОТ МУ ИЗРЕЧЕ МЕРКА ПРИТВОР НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ

679

Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд го прифати предлогот на јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и коупција (ОЈО ГОКК) за изрекување мерка притвор, во траење од 30 дена, на сега веќе поранешниот Генерален секретар на Владата на РСМ, Мухамед Заекири.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело: Злоупотреба на службена положба и овластување, Судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот, во присуство на неговиот бранител, во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП. Како што и претходно информираше судот, Судијата на претходна постапка, по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во законски утврдениот рок, издаде наредба до надлежната полициска станиц за спровод на сомничениот, но во текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за праитвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода“, се вели во соопштението на скопска „единица“.
Кко што веќе пишувавме Мухамед Зекири и уште две други лица, инаку хрвтски државјани, се сомничат за злоупотреба на службена положба, односно дека договор за консултантски услуги достигнал висина 57.932.100 денари, односно нешто над 940.000 евра ј надминал реалната вредност од 795.000 евра. Со сторената злоупотреба цената на договорот нараснал за близу 147.000 евра, за колку е оштетен државниот Буџет.
Јавната обвинителка Вилма Русковска за „Правосудство“ појасни дека по прашањето за парите била таа погрешно интерпетирана. Имено, тие имаат одредени сомневања каде звршиле парите, но тоа не можат да го потврдат со сигурносат, притоа потсетувајќи дека истратага за овој случај допрва започнува. Русковска, исто така, потврди дека двајцата хрватски држвјани не се во земјава, но дека за нив ќе се води постапка.
Инаку, во текот на денешниот ден, а по објавата дека Мухамед Зекири е осомничен, односно дека за него е отворен кривична истрага, тој си поднесе неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар во Владата на Република Северна Македонија.

Спонзорирано