СУДОТ И ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА ЛИДИЈА ДИМОВА

3341

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, донесе решение со кое и се одзема патната исправа на сега веќе разрешената директорка н Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Согласно решението таа се задолжува редовно да се јавува во кривичниот суд, како и да се занимава со слични дејности.
Одлуката на судот, всушност, е сето она што за Димова беше побарано од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Идентични мерки какви што и се иаречени на Димова судот изрече и за осомничениот Александар Гочев, кој, како и неговата сега веќе разрешена шефица, денеска се појави во скопска „единица“. Вакви мерки, минатата недела, му беа изречени на Зоран Златковски, сопственик на „В.Е.З. Трејд“. Тој како предлгач на програми поврзани со образовниот процес од Националната агенција европски образовни програми и мобилност, за период од три години, примил 270.000 евра.
Прогонот на Димова и на споменатите, но и на благајниот на Националната агенција, започна по пишување на некои медиуми кои обвинија дека се трошат големи средства за непродуктивни работи, односно дека пари за образование легнуваат на сметката на фризерски салон или се даваат за наводна дресура на коњи и магариња.
Кривична пријава, за сега осомичените, поднесе Финансиската полиција која процени дека е приченета штета во износ од 25.334.543 денари или нешто повеќе од 410.000 евра.

(Љ.С.)

Спонзорирано