ИСТРАГА ЗА ПЕТ ЛИЦА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ДИК

1695

Обвинителството, иако тоа не го соопштува, извесно е дека ќе води постапкка за набавкатата на софтвер кој се користеше на изборите во јули, а кој се покажа како  несигурен

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за отворање кривична истраг за против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице.
Наредбата на ОЈО ГОКК доаѓа по спроведена предистрага, а по пријава дека е сторено кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки.
„Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната изборна комисија (ДИК), осомничените, како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан договорот, како и да утврдат дека извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка“, се вели во доопштението на Обвинителствтото и приота се појаснува дека при изготвување на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист, односно право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор, а со преземените дејствија на правните лица им било овозможено да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999 денари и уште 349.500 денари или околу 20.000 евра.
Заради непречено водење на кривичната постапка Обвинителствто побара од скопскиот кривичен суд на осомничените да им бидат изречени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, да се јавуваат кај определено службено лице или кај државен орган, времено одземање на патна или друга исправа, како и преземање на одредени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​

(Љ.С.)

Спонзорирано