СУДОТ ГО ЗАПРЕ КРИВИЧНИОТ ПРОГОН ЗА ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ

637

Поради апсолутна застареност, Судечки совет на скопска „единица“ донесе решение со кое го запира натамошниот кривичен прогон за Драган Даравелски, поранешен директор на Царинската управа.
„Судечкиот сове кој постапува по предметот со К.бр. 414/23 против обвинетиот Д.Д. постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. 1856/03 од 18.04.2005 година за кривичните дела: Злоупотреба на службена положба и овлатување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 и в.в чл. 22 и чл 45 од КЗ донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува“, се вели со соопштението коешто денеска го лиферуваше скопскиот кривичен суд.
„Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надвор од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да: Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, ‘службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета (став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години’. Согласно член 107 ст.1 од истиот Закон ‘кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото’, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон ‘застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење’, велат од судот и појаснуваат дека во конркетниот случај апсолутната застареност настапила на први декември минатата година. Оттаму и потсетување дека против донсеното, неправосилно решение, странките имаат право на жалба пред скопскиот Апелационен суд.
Како што е познато Драган Даравелски беше обвинет за злоупотреби на службената положба и овластување додека ја извршуваше функцијата директор на Царинска управа на РСМ. За делата за кои се товареше Даравелски беше осуден на седум години затвор на седум години затвор, а согласно пресудата, тој и второобвинетиот Киро Доцевски беа задолжени да и ја надоместата штетата на државата од 2,5 милиони евра.
Дека предметот на Даравелски е застарен „Правосудство“ пишуваше пред нешо повеќе од два месеца, но со неговото притворање и прифаќање за повторно судење, многумина поверуваа дека се работи за „жив предмет“ и дека нему ќе му биде судено за работи кои се случиле пред повеќе од 20 години.

(Љ.С.)

Спонзорирано