Судот допрва ќе одлучува за барањето Јанева да излезе од притвор

428

Кривичниот совет во Кривичниот суд – Скопје не донел сѐ уште одлука по барањето на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за таа да се брани од слобода за случајот „Рекет“, каде што е третоосомничена. Од судот ни посочија дека барањето на одбраната е во постапка, додека одлуката што вчера ја донесе Кривичниот совет за продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена е испратена кај судијата на претходна постапка и тој би требало да ја добие во текот на денешниот ден.

Иако вчера Кривичниот совет го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на притворот на Јанева, упатените велат дека теоретски е можна и позитивна одлука во однос на барањето на одбарната за ослободување на поранешната специјална обвинителка од притвор. Во таков случај ќе треба да се обезбеди правосилност на одлуката по едно од барањата, за што би пресудил Апелацискиот суд.

Адвокатката на Јанева Ирена Фрчкоска вели дека одбраната има право на жалба по одлуката за продолжување на притворот, ама дека ќе ја почека одлуката по нејзиното барање обвинителката да се брани од слобода.

„Независен весник“

Спонзорирано