Поднесено обвинение за убиството на Пино Секондо

428

Јавен обвинител од скопското Основното обвинителство Скопје изготви обвинителен акт, против едно лице, а кој се однрсува на убиството на младиот Пинета Секондо Пино.
Сега обвинетата за помагање во извршување на убиството, на 11. декември минатата година, го повикала сега починатиот Пинета Секондо Пино, и притоа договорила средба со него на насипот во населбата Ѓорче Петров, каде веќе бил пристигнат и другиот осомничен кој дошол со автомобил „опел аскона“. Тој со себе носел пушка. Откако го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со којашто дошол Секондо.
„На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива најпрвин започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо“, се вели во соопштението на обвинителатвото и се потенцира дека обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за дека меѓу нив постоела нетрпеливост. Имено, таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе. Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство, дотолку повеќе што соизвршителот се уште се води како недостапен на органите на прогонот.
Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.

Спонзорирано