Судот и го продолжи притворот на Катица Јанева за уште 30 дена

    681

    Поранешната шефица на сега веќе расфомираното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, останува во затворот „Скопје“, откако скопскиот кривичен суд денеска донесе решение со кое и ја продолжи изречената мерка притвор за нови 30 дена.
    „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21. август 2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП“, се вели во краткиот допис на судот и притоа се додава: „Во однос на поднесениот предлог од одбраната на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“.
    Катица Јанева е еден тројцата осомничени во предметот наречен „Рекет“. На нејзниото притворање, а поради сомниж дека сторила злоупотреба на слуќбена положба и овластување, му претходеше притворање на лицата Бојан Јовановски викан Боки 13 и Зоран Милески викан Зоки Кичеец.

    Спонзорирано