Од толку медиуми Срѓан Керим баш ја најде „Нова ТВ“ за да даде изјава, а баш таму му се погоди Соња Крамарска, која најверојатно, треба малку да го „запере“ и да спинува за него?!
Срѓане Кериме, не е проблем истрагата, оти таа е завршена, проблем си ти кој нема да дојдеш од Опатија во Скопје да ти се суди.
Љубиша Станковиќ
Кога во име на синдикатите на новинари од редакциите на некогашната „Медиа Принт Македонија“ ја поднесувавме кривичната пријава, освен делата кои сега му останаа и за кои се товари, на „контото“ на Срѓан Керим му ги пишавме и кривичните дела: злосторничко здружување и измама!
За првото немам што многу да кажам. За мене, Керим тој најдобро си знае, а што се однесува до измамите тие се нараздвоив дел од него и неговото битисување. Само оние кои не го запознале Керим, не можат да сфатат за каков човек се работи.
Можеби еден ден повеќе ќе му се посветам на спиновите и измамите што ги стори и изговори во годините додека газдуваше со „МПМ“, но сега смо ќе се задржам на неговата најнова лага искажа за порталот „Нова ТВ“, кој некогаш беше влијателен и почитуван, а сега се сведе на „одработувач“ на Срѓан Керим.
Имено, по мојата објава на „Правосудство“ дека на Срѓан Керим ќе му се суди за сторени три кривични дела (а не за три обвиненија како што напишале на „НоваТВ“- з.а.), тој, од милион медиуми, ја избрал токму „Нова ТВ“ за да да даде изјава со која тврди дека дека не му е познато ништо за завршената кривична истрага. Срѓан Керим, како што самиот вели „не располага со такви информации и уште се прашувал од каде и врз база на што тие биле пуштени во етер?!“
Ај што Керим лаже дека ништо не знае, тоа и не не зачудува, ама не зачудува и тоа што „Нова ТВ“ решила од новинарите прави мивки и да се глупираат, бидејќи сега таму главен лик е Соња Крамарска. За оние кои не знаат која е Соња Крамарска само ќе кажам дека се работи за можеби најверниот извршител на Срѓан Керим од времето кога тој директоруваше со „МПМ“, а таа од него беше именувана за главна уредничка на „Утрински весник“. Да не му чинеше Керим немаше да ја држи на таа позиција повеќе од четири години и да ја плаќа многу повеќе од другите. Е, сега, дојде време и таа да му возврати на Керем и да напише нешто како демант на мојата објава.
Срѓане Кериме, бидејќи повторено спинуваш и лажеш, пак ќе ти повторам: ЗА ТЕБЕ СЕ ВОДИ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ЗА ТРИ КРИВИЧНИ ДЕЛА! Истрагата Кериме, ти е завршена на 20. април оваа година и ако не си примил известување немој да се грижиш. Ќе ти стигне на „домашна адреса“……на улица „Маршал Тито“ број 11 Опатија, Хрватска. На истата адреса, многу скоро, ќе ти пристигне и обвинителен акт, само немој и тогаш да лажеш дека „тоа обвинение и не е обвинение“. Верувам ќе се сетиш дека кога, во 2018 година, те повикаа на распит во СЈО кажа дека не знаеш за што си бил повикан. Гледај само да не се повторуваш! Впрочем, кога е Срѓан Керим во прашање не е прашањето дали за него се води истрага и дали е таа завршена, туку дали ќе има храброст да се појави на судење?!
Како што Срѓан Керим што има „свои новинари“ во Скопје, така и јас имам некои „свои“ во Загреб, а тие ми велат дека може да го очекуваме Срле наш да го видиме на нови, договорени интервјуа. Јас им верувам на моите луѓе, само не му верувам на Керим кога тој се повикува на политичари кои, наводно, му ветиле спас од огговорност и од судење .
А, јас? Јас ќе го чекам Керим да дојде, иако повеќе верувам дека тоа никогаш нема да се случи. Нему, претпоставувам ќе му се суди во отсуство, но јас ќе морам да се појавам за да сведочам за злоупотребите, за лажниот стечај и за оштетените вработени…..
П.С.
Доколку има потреба, подготвен сум на Керим лично да му го доставам извезстувањето на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ама само ако ме побара мене, а не Крамарска…