Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело фалсификување на исправа. Сега обвинетата, во саботата, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта којашто гласела на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ „Идризово“, а со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг. За неа освен поднесеното обвинение, изречена е и мерка притвор.
Спонзорирано