Боки 13 дојде да даде исказ, а заврши во болница

1715

Иако за денеска беше најавено дека Бојан Јовановски викан Боки 13 ќе даде исказ во Јавното обвинителство за гонење на организран криминал и корупција, сепак тоа не се случи, бидејќи тој, со возило на Итна помош, беше транспортиран во болница.
Имено, Јовановски во обвинителството требаше да се појани на пладне, но само кратко време по неговото доаѓање тој со носилка беше изнесен од „Судската палата“.
Обраната на Јовановски, инаку првоосомничен во случајот „Рекет“, упорно инсистира тој да биде пренесен во болница, наводно, поради нарушена здравствена состојба, но надлежните ценат дека за такво нешто нема потреба. Инаку, во случајот наречен „Рекет“, освен Боки 13 осомничен е и неговиот близок пријател Зоран Милески викан Кичеец, како и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева. Всушност, токму дружбата со Јовановски ја чинеше Јанева крај на нејзината обвинителска кариера, бидејќи тој го заложи нејзиниот авторитет и нејзината позиција за да може да бара милионски суми евра од Орце Камчев, инаку првоосомничен во предметот наречен „Империја’, а во кој се и имињата на негови блиски соработници, но и неговата мајка и сестра.
Што се однесува, пак, до предметот „Рекет“, истрагата е веќе затворена и во наредниве денови се очекува поднесување на обвинение, кое само Милески ќе го дочека во сопствениот дом, бидејќи само нему му беше заменета мерка притвор со куќен притвор.

Спонзорирано