Снимките во италијанскиот медиум не потекнуваат од обвинителството

    1106

    Јавното обвинителство ја информира јавноста дека снимките кои вчера и денеска беа објавени во италијанскиот „Ла Верита“, а се оснесуваат на предметот „Рекет“, не се добиени од нив.
    „Станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство беа доставени од сведок во предметот. Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. Притоа се проверуваат сите индиции и сите аспекти. Истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена“, се вели во писменото обраќање на обвинителството и притоа се појаснува дека по завршување на истрагата ќе следи јавнообвинителска одлука.
    Оттаму и појаснување дека годишните одмори не се одразуваат на текот и на водењето на истрагата, мбидејќи во време кога дел од јавните обвинители се на годишен одмор, назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот.

    Спонзорирано