Сметководител од сметка на нотар извадил 10,9 милиони денари​

    1305

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за сметководител сторил кривично дело: проневера во службата, според член 354 став 5 во врска со став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
    „Осомничениот во периодот од 28. април 2016 година до 28. ноември оваа година, како сметководител за водење на сметководството на нотарска канцеларија, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и притоа се појаснува дека сега осомничениот неовластено пополнил и потпишал налози за пренос на парични средства од банкарската сметка на нотарот, на банкарска сметка на неговата сопруга, а потоа, како овластен потписник на банкарската сметка на неговата сопруга, паруите ги подигнал во готово.
    Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Оновниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница.
    Предложените мерки се во насока на обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење опасност од бегство на осомничениот и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

    Спонзорирано