Премиерот Зоран Заев случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април

1049

Премиерот Зоран Заев попладнево, преку својот фејсбук-профил, соопшти дека случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април 2019 година.
“Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил ‘Рекет’. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот го пријавив на 22 април 2019 година,“ напиша премиерот.
Денеска, Заев, на новинарско прашање, кажа дека одржал состанок десетина дена пред Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за организиран криминал и корупција. На средбата, како што посочи, присуствувале државниот обвинител и обвинителката за гонење организиран криминал. Притоа, тој најави, дека точниот датум на состанокот ќе го провери во својата агенда и ќе го соопшти до крајот на денов.
Јавноста за случајот „Рекет“ дозна кон средината на јули, односно близу три месеци откако случајот бил пријавен во Обвинителството, кога Бојан Јовановски – Боки 13 беше уапсен на граничниот премин „Богородица“.

Спонзорирано