Скопјанец се соочува со притвор зашто малтретирал бебе

662

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори истрага за 34-годишен скопјанец осомничен за кривично дело: запуштање и малтретирање дете. Обвинителството, исто така, предлага мерка притвор. Осомничениот го сторил делото на 23. овој месец, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете да го однесе кај дадилка. Осомничениот, кој е очув на бебето, додека бил сам со него во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи му тупаници по главата и лицето, при што му нанел телесни повреди. „Поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе влијае на сведоци и дека ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Кривичниот суд – Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопшти Јавното обвинителство.

Спонзорирано