Приведени вработени во Општина Тетово, се бара судијата Зоран Теофловски

3673

Нема нови официјални информации кои се однесуваат на приведувањето на вработени во теровската Општина и за членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, а за кои Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за незаконска легализација на земјиште.
Она што барем засега останува како информација е дека утрово петмина вработени во Општина Тетово се приведени од полицијата, а по добиен налог од Обвинителството, како и тоа дека Теофиловски денеска не се појавил на продолжението од прекинатата седница на Судскиот совет. Од Обвинителство има најави дека со повеќе информации ќе излезат до крајот на денот.
Несомнено дека во групата осомничени најпознато е името на Зоран Теофиловски, инаку актуелниот член на Судскиот совет. Теофиловски на сегашната функција дојде од местото заменик претседател на Апелациониот суд во Гостивар. Тефоиловски години наназад работеше како адвокат, а за неговото префрлање во судската фела, односно во гостиварска Апелација, се говореше дека застанала Александра Зафировска која е сестра на сопругата на сега осомничениот. Имено, на Зафировска се доведуваше во контекст на изборот на Теофиловски за член на Судскиот совет што се случи во декември минатата година. Теофиловски се бара за незаконска легализација и за приватизација на атрактивно земјиште. Предистрагата се водела околу една година, но била започната откако Теофиловски бил избран за член на Судски совет.
Само еден месец пред изборот на Теофиловски за член на Судскио совет, односно во ноември минатата година, за него имаше пријава дека, од возило, му упатил закани и пцости на неговиот колега Зоран Герасимовски, од Апелациониот суд Скопје, а на крајот и плукнал.

Спонзорирано